Search

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени  17.611.322 лица. Од нив починале 679.406, а оздравеле 11.015.941 лица.

-Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 79 новозаразени со Ковид-19 од кои дури 56 во Тирана, оздравени се 69, додека починале три лица. Со последните 500, до сега направени се 41.199 тестови,позитивен резултат е добиен кај 5.276 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.952, починале 157 додека активни на болеста се 2.167.Од нив во Инфективната клиника и болницата Ковид2 се третираат 115 од кои 21 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа, во Хрватска се потврдени 67 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи е на 727, а едно лице почина. Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.750 лица -125 лица се во болница, шест пациенти се на респиратор. Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 5.139 случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 145 починале.

– Во Шпанија денеска се регистрирани 1.525 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што претставува најголем број од укинувањето на рестриктивните мерки во јуни. Исто така, бројот на нови случаи надминува 1.000 за трет ден по ред

– Во Романија, бројот на пациенти  се зголеми на 50.886, откако во претходните 24 часа беа потврдени 1.295 нови случаи на заразени. Во последните 24 часа, уште 39 пациенти починале од  Ковид-19, вкупно досега 2.343.

– Во Колумбија 9.965 лица се заразиле со вирусот за 24 часа, со што се зголеми вкупниот број случаи е 286.020. Во последните 24 часа починале 356 лица, односно вкупно 9.810.

– На сите жители на австралиската држава Викторија, која има шест милиони жители, од недела се бара да носат заштитни маски, одлучи владата откако вчера беа регистрирани рекордни 723 нови случаи и 13 смртни случаи. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, предупредил дека повеќето новозаразените лица се во домови за стари лица и меѓу граѓаните кои чекаат за резултатите од тест, но одат редовно на работа.

– Во Мексико, потврдени се 7.730 нови случаи на инфекција со коронавирус и уште 639 смртни случаи во изминатите 24 часа. Од почетокот на пандемијата, Ковид-19 е потврден кај 416.179 лица во Мексико, и 46.000 смртни случаи.

– Во Словенија,еден човек почина во изминатите 24 часа додека вирусот е потврден во 17 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во Словенија, тестирањето за вирусот даде позитивен резултат кај 2.156 лица, додека бројот на смртни случаи во овој момент е 119.

– Во Бугарија, во текот на изминатите24 часа, вирусот е потврден кај други 265 лица, додека шест пациенти починале. Од почетокот на пандемијата, Бугарија регистрира11.420 случаи на заразени и 374 смртни случаи.

– Во Словачка е регистриран прв смртен случај од последиците од Ковид-19 по 15 мај во последните 24 часа, додека други 27 лица биле заразени со вирусот. Од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај 2.292 лица во оваа земја, вклучувајќи 29 пациенти кои ја загубија битката со болеста.

– Во Австрија во последните 24 часа е регистриран нов рекорден број новозаразени лица по првиот бран на епидемија на – 175 нови случаи. Најголем број новозаразени, 78, се регистрирани во Виена, 45 во Горна Австрија. Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 21.072 лица биле тестирани позитивно за вирусот, од кои 18.628 се излекувале. Во изминатите 24 часа починаа пет лица, така што бројот на смртни случаи достигна 718.

– Бројот на   во Русија се зголеми на 839.981, откако во изминатите 24 часа беа потврдени 5.482 нови случаи. Во истиот период,  161 лица починаа вкупно 13.963 од почетокот на пандемијата.

– Властите во Еквадор забранија продажба на алкохол во текот на викендот во поголемиот дел од државата. Целта е да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Комисијата за итни случаи на својата веб-страница. Забраната ќе важи од 31 јули до 12 август и ќе се применува во 18 од 24 провинции. Полициски час ќе биде во шест од нив. Во моментов, вкупниот број на заразени со коронавирус во Еквадор е 84.370, а бројот на смртни случаи е 5.657. Властите проценуваат дека уште 3.500 смртни случаи би можеле да бидат поврзани поради коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави