Search

Дневен преглед на состојбата со Ковид -19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 10.169.334. Од нив починале 502.797, а оздравеле 5.508.335 луѓе.

Белград – Во Србија во последните 24 часа се потврдени 254 нови случаи на заразени со коронавирус, од вкупно 4.905 наравени тестови. За овој период починаа три лица. Вкупниот број заразени во земјата изнесува 14.046, а од почетокот на епидемијата починаа 230 лица. Во Србија моментално се активни 1.312 случаи, а 31 се на респиратор.

Приштина – Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 96 заболени, а вкупно досега, според последниот официјален извештај, има 2.590 заразени. Од нив 48 починале, додека 1.394 се излекувани, така што бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.148. Вчера се извршени 207, а од почетокот на пандемијата, вкупно 23.137 тестирања.

Тирана – Во Албанија, во последното деноноќие, од 374 тестирани сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 72, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 се зголеми на 2.402 лица. Во исто време битката со опасниот вирус ја загубиле две лица, или вкупно 55. Во последните 24 часа оздравени се 38 лица или вкупно 1.384 од почетокот на пандемијата. Активни на болеста се 963, од нив 77 се хоспитализирани, при што 15 се на интензивна терапија, а двајца се интубирани.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 10 нови случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 3.376 лица.

Никозија – На Кипар од направени 1.059 тестови во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19. Бројот на заразени остана ист, односно 994 лица.

Софија – Во Бугарија во последните 24 часа се пријавени 112 нови случаи на заразени со коронавирус, врз основа на 1.528 тестирања. Вкупниот број заразени се зголеми на 4.624, од кои 1.934 случаи се активни. Во последното деноноќие почина еден пациент, со што бројот на смртни случаи се зголеми на 216.

Загреб – Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на зарзени со Ковид-19 од тестирани 829 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во моментов е 435, од кои 60 на болничко лекување. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се заразени 2.691 лице, од кои 107 починати, а 2.152 излекувани. Во самоизолација се 2.279 лица. До денеска направени се вкупно 77.453 тестови.

Букурешт – Во Романија во последните 24 часа се заразиле уште 291 лица со Ковид-19, а 23 лица починале. Вирусот однесе 1.612 животи досега.  Од почетокот на епидемијата во Романија заразени се 26.313 лица, од кои 18.814 се излекувани. Во моментов има 217 пациенти на интензивна нега.

Виена – Во Австрија во изминатите два дена има зголемен број заразени од коронавирус, а во последните 24 часа регистрирани се 74 новозаразени. Овој период починаа две лица, со што вкупниот број починати изнесува 702. Бројот на хоспотализирани е непроменет – 71, од кои девет пациенти се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија се тестирани 602.520 лица, а позитивни на коронавирусот 17.570 лица.

Москва – Во текот на изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 6.791 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што го зголеми вкупниот број на 634.437 од почетокот на епидемијата. Бројот на смртни случаи е зголемен за 104 и изнесува 9.073, додека досега се излечиле 399.087 лица, што е за 5.735 повеќе од претходниот ден. Бројот на заразени во Русија е помалку од 7.000 веќе трет ден по ред, а повеќето од нив се од Москва (717). Според најновите податоци, Русија моментно има 226.227 активни случаи на заразата.

Пекинг – Властите во Кина објавија денеска дека се потврдени 17 нови случаи на коронавирус во таа земја, од кои само три не се последица на локален пренос во Пекинг, каде неодамна е регистрирано зголемување на бројот на заразени лица. Сепак, надлежните во кинеската престолнина тврдат дека досега не се пронајдени нови случаи во кампањата за тестирање на вработените во фризерски салони и салони за убавина. Не се регистрирани нови смртни случаи во Кина во изминатите 24 часа, така што бројот на починати вкупно изнесува 4.634, а вкупниот број на потврдени случаи 83.500.

Преторија – Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Африка моментно изнесува 369.341, од кои 12.899 се потврдени од претходниот ден, соопшти огранокот на Светската здравствена организација за Африка. Во последните 24 часа починаа 212 лица, со што вкупниот број изнесува 9.368. Излекувани се 177.000 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави