Search

Дмитриј Козак е новиот координатор на Кремљ со Украина

Кремљ денеска соопшти дека го назначил ветеранот во администрацијата Дмитриј Козак за нов координатор во односите со Украина и со сепаратистите во источниот дел Донбас, кои ја имаат поддршката на Москва, на одгласите на напорите за деескалација на петгодишниот конфликт, пренесоа француските медиуми.

Козак (61) го замени стратегот Владислав Сурков, кој за овие прашања беше досега одговарен, а од 2013 година и за другите поранешни советски републики.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, не кажа дали Сурков  (55) ќе го напушти Кремљ, но подвлече дека сега Козак ќе се занимава со украинските прашања, дополни бугарското радио.

Дмитриј Козак е поранешен вицепремиер, кој на крајот на јануари беше назначен за заменик шеф на администрацијата на претседателот.

Слично на Путин, и Козак во 90-тите години на 20. век работел во градското собрание на Санкт Петербург, а подоцна бил одговарен за широк круг проекти. Раководел со кампањата за реизбор на Путин во 2004 година, како и со подготовката на Олимпијадата во Сочи.

Споменуван е и за наследник на Путин по завршувањето на неговиот последен мандат во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави