Search

ДЛУМ ќе организира изложби во „Галерија 8″ во чаршија

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) повторно ја отвора Галерија 8, Безистен во Старата скопска чаршија во која еднаш месечно негови членови – уметници ќе имаат можност да се претстават пред јавноста.

Првото преставување ќе биде на уметницата Марјана Косточиновска-Узунчева чија изложба  со наслов „Деконструкција на пејзажот” таму ќе биде отворена в понеделник од 21 часот. ДЛУМ ќе ја организира изложбата во соработка со фестивалот „Скопско лето”.

Откако беше избран за претседател на ДЛУМ во март, Филип Фидановски соопшти дека меѓу заложбите на неговиот тим е ДЛУМ да добие свој галериски простор и дека со 73 години постоење Друштвото тоа го заслужува.

Во минатото ДЛУМ имаше галериски простори што му беа одземани и пренаменувани и остана само со канцеларија од 20 квадрати во Дом на АРМ  за која плаќа кирија.

Треба да знаете
Последни објави