Search

ДКСК: Нема судир на интереси во изборот на Бајрами за член на Комисијата

Нема судир на интерес во изборот на Нури Бјрами за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери, одлучи Комисијата на денешната седница.

Според претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, според член 8, став 4 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

-Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаат родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби, ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации, рече Ивановска.

Со жреб по случаен избор на денешната седница, што беше отворена за медиумите, Бајрами беше избран заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На крајот на седницата Бајрами кажа дека не крие ништо, бидејќи целата постапка била транспарентна.  Конкурирав, рече, затоа што конкурсто беше јавен како и постапката, и затоа што имам имам искуство кое можам да го пренесам. Тој додаде дека доколку почувствува дека не може да направи доволно или е пречка за комисијата може да се изземе или повлече.

-Можам да ви гарантирам, не сум по партсика линија тука. Не не сум ничиј линк. Жена ми работи во приватен сектор, син ми се отсели од државата поради ова што се случува. Не сум тука да им служам на политичките партии. Пливав во тие води и последните десет години се обидувам строго со никого да не контактирам. Следете ме и држете ме за збор. За мене нема блиски роднини или пријатели, не може никој да влијае, рече Бајрами.

Треба да знаете
Последни објави