Search

ДКСК да ја поништи владината концесијата дадена од Зоран Заев за семејната фирма на Заеви

Феудалецот Зоран Заев си ги приграбува државните ресурси, државните  богатство, за себе и за семејните фирми. И тоа го крие од јавноста. Одлуката на владата на Заев за давање на минералните суровини на 30 години на фирмата Еленица на бате Вице и на бате Трајче, ја нема во соопштението од владината седница, туку одеднаш се појавува во Службен весник. А за таа седница, внимавајте владата соопштува дека се зборело за спречување на корупцијата, каква фарса.

Почитувани, со одлуката на владата за 30годишна концесија за екслоатација на минерални суровини за семејната фирма „Еленица“ на Заеви, ДКСК има чиста позиција да го поништи договорот за концесија за „Еленица“ на 30 години и конечно да застане на патот на високата корупција.

Зоран Заев, кој што бил дел од УО на „Еленица“, сега на бате Вице и на бате Трајче, братот и братучедот, кои што се сопственици на истата фирма, од позиција на премиер им доделува рудни богатства. ДКСК има чиста позиција да донесе одлука за поништување на оваа долгорочна концесија. ДКСК не смее да се крие зад формалности. Министрите во владата донеле одлука, гласаат да му удоволат на шефот што таму ги поставил. Тоа не е приватна седница, тоа е седница на Влада на Македонија, седница на Владата на премиерот Зоран Заев.

Со доделување на концесијата, Заев става рака на државното богатство среде мандат, чист феудализам. И тоа за период од 30 години. Колку владини мандати се тоа? Зоран Заев додека е во мандат очигледно има намера да ги подели на своите компании државните богатствата и тоа долгорочно, на 30 години. Додека е во мандат, на 30 години става рака на државни добра. Ќе си оди, тогаш кога сите семејни фирми ќе ги обезбеди на 30 години? Што ќе остави зад себе?

Почитувани, се работи за користење привилегии за ставање рака врз државни богатства, суровини и ресурси кои што се во посед на државата. Доделување концесија за братот, за семејна фирма на бате Вице и бате Трајче, е врв на корупција. Ова не е само судир на интереси, има дејствие, има склучен договор за концесија, има лична полза значи има корупција. Има крвно сродство од прв степен браќа и братучеди.

Во одлуката има чисто користољубие на Зоран Заев. И нема ниедна друга фирма за концесија, туку само таа, семејната на бате Вице. Ова е чиста позиција за ДКСК за да побара поништување на концесијата за „Еленица“ и ништо друго. Антикорупционерите мора да слезат од скутот на Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави