Search

Ди Мајо најверојатно ќе се повлече од лидерската функција во Пет Ѕвезди

Луиџи ди Мајо денеска ќе соопшти дека се повлекува од лидерската функција на движењето Пет ѕвезди, најголемата партија во коалициската Влада во Италија, изјави партиски неименуван извор.

Според наводите Ди Мајо, кој е и министер за надворешни работи денеска ќе се сретне со министрите од Движењето, а оставка ќе поднесе по состанокот.

Ди Мајо и неговиот портпарол одбија да коментираат. Додека италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека ќе ја почитува секоја одлука на Мајо.

Иако не се очекува оставката на Ди Мајо да доведе до пад на Владата, тоа укажува на големи поделби во движењето Пет ѕвезди.

Треба да знаете
Последни објави