Search

Ди Марија сè уште не одлучил дали ќе игра за Јувенутс

Играчот од средниот ред Анхел Ди Марија се произнесе за неговиот можен трансфер во Јувентус.

– Јувентус е најголемиот клуб во Италија, еден од оние кои се заинтересирани за мене. Моментално размислувам, но во моментов сум фокусиран на мојот одмор и на моето семејство. Рома? Не ми е грижа, изјави Ди Марија за „ESPN Аргентина”.

Во летото 2022 година, аргентинскиот напаѓач го напушти ПСЖ како слободен играч. Не го продолжи договорот со францускиот клуб во кој настапува од 2015 година.

Како дел од ПСЖ, Ди Марија пет пати стана француски шампион, четири пати го освои Купот на Франција и пет пати го освои Суперкупот.

Ди Марија минатата сезона забележа 31 настап за ПСЖ, постигнува пет гола и девет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави