Search

Ди Марија може да пропушти шест натпревари поради плукање противнички играч

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Анхел Ди Марија може да добие казна од шест натпревари поради плукање противнички играч на натпреварот од 3. коло  против Марсеј (0:1).

Според „Дејли мејл”, Ди Марија може да биде казнет за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес, што исто така претставува кршење на протоколот за коронавирус.

На крајот од натпреварот дојде до расправија меѓу играчите на двата тима при што ПСЖ добија три црвени картони. Нејмар кој исто така беше исклучен, инцидентот го објасни како реакција на расна навреда од неговиот противник.

Треба да знаете
Последни објави