Search

Ди Каприо уживаше со девојката на „Оскарите“, но избегнуваше заедно да ги фотографираат

Младата манекенка и актерка Камила Мороне (22) во последните две години е во врска со еден од најпосакуваните холивудски ергени, Леонардо ди Каприо (45), но двојката ретко се појавува заедно во јавноста.

Нивните заеднички фотографии по правило се во сопственост на папараците, а тие не позираа заедно ниту на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“.

Сепак, тие седеа еден до друг во првиот ред, меѓу холивудската елита, што многуте светски медиуми го проследија како голем исчекор во нивната врска. Лео и Камила добро се забавуваа, но актерот не доби „Оскар“ за главна машка улога. Хоакин Феникс беше голем фаворит за улогата на Џокер и на крајот ја освои златната статуетка.

Треба да знаете
Последни објави