Search

Ди Каприо – наратор во документарец за правото на глас

„Верувам дека никогаш нема да бидеме еднакви сè додека не гласаме сите,“ вели актерот Леонардо Ди Каприо во трејлерот од нова документарна серија, заедничка продукција на „Нетфликс“ и „Вокс медија’

45-годишниот актер е наратор во претстојниот документарец, насловен  „Чиј глас е важен“,  заедно со  Селена Гомез и Џон Леџенд.

Во кус извадок од серијата, објавен во магазинот „Пипл“, Ди Каприо објаснува зошто треба да гласаат сите Американци и колку е важно тоа оваа година.

„Во 1776 година, гласањето беше привилегија, речиси исклучиво за белите луѓе со имот“, вели Ди Каприо во клипот.

А една Афроамериканка вели: “Во основачкиот устав, нема да го најдете правото на глас. Ова право на глас беше бојно поле во американската демократија.“

„Ако вашиот глас не беше важен, зошто по ѓаволите има толку многу системи и луѓе што се обидуваат да ве спречат да гласате,“ вели друг Афроамериканец-гласач.

Треба да знаете
Последни објави