Search

Ди Каприо и Џенифер Лоренс во нов филм на „Нетфликс“

Леонардо ди Каприо го стави својот потпис да глуми покрај Џенифер Лоренс во комедијата Don’t Look Up („Не гледај горе“).

Режисерот Адам Мекеј собира импресивна sвездена екипа за споредни улоги во филмот на „Нетфликс“.

Меѓу ѕвездите кои се потпишаа во средата и кои најверојатно ќе се појават во споредна улога се Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Метју Пери, Тимоти Шаламе и Џонах Хил.

Мекеј ќе ги ангажира и музичарите Аријана Гранде и Кид Куди, а ќе го донесе и британскиот актер Химеш Пател, sвездата на музичката комедија нa Ричард Кертис Yesterday („Вчера“) од 2019 година.

Во филмот, кој Мекеј исто така го пишува и копродуцира, Ди Каприо и Лоренс ќе бидат астрономи кои идентификуваат астероид што оди кон Земјата.

Треба да знаете
Последни објави