Search

Ди Каприо и Де Ниро ќе соработуваат во новиот филм на Мартин Скорсезе

Роберт де Ниро е годинашниот добитник на наградата за животно дело од Американското здружение на актери, а честа да го претстави му припадна на Леонардо ди Каприо, кој последен пат глумеше со Де Ниро во „Животот на момчето“ во 1993 година.

Во говорот пред врачувањето на наградата, Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, која ни ги подари култните остварувања како „Таксист“ и „Разгневениот бик“ во текот на изминатиот половина век, додека нивната последна соработка „Ирецот“ е годинашен кандидат за Оскар за најдобра слика.

„Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што можам да ги наречам мои соработници. Боб од снимањето на „Животот на момчето“ и Марти од „Бандите од Њујорк“. Вистинска чест е што по 30 години ќе имам можност повторно да глумим заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“, рече Ди Каприо.

Следното остварување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Грин – „Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI“, според УНИЛАД.

Дејството на филмот се одвива во 1920-тите и зборува за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогата нација во светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што го прави со Скорсезе, а прв по „Волкот од Волстрит“ во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави