Search

Ди Каприо го видел Ривер Феникс на денот на смртта

Американскиот актер и музичар Ривер Феникс почина на 21 октомври 1993 година, на возраст од 24 години. Пред клубот „The Viper Room” почнал да се грчи и да повраќа.

„Ве молам дојдете веднаш! Дојдете итно! Мојот брат се грчи на тротоарот! Не знам, мислам дека земал валиум или нешто! Дојдете веднаш, ве молам – извика Јоакин Феникс (44), брат на Ривер.

Еден од последните луѓе во Холивуд што го видел Ривер жив е актерот Леонардо ди Каприо (44), според „Пипл“. Додека зборувал за филмот со Бред Пит (55) и Квентин Тарантино (56), Леонардо се присетил на најтажните моменти со кои се сретнал во филмската индустрија.

„Јас пораснав со Ривер Феникс, кој беше голем актер на мојата генерација и единственото нешто што некогаш сакав е да имам можност да се ракувам со него. Една ноќ на забавата го видов како се качува по скалите. Никогаш не сум го запознал, а отсекогаш сакав да се сретнам со него. Кога го видов, настана метеж. Се свртев и го снема“, рече Леонардо.

Иако исчезнал во толпата, Леонардо не се откажал да го пронајде Ривер за да се запознае со него.

„Одев низ скалите горе-долу. Си мислев каде ли отиде. Се покажа дека е на пат кон клубот „The Viper Room’“, заклучи Ди Каприо шокиран од фактот што го видел Феникс непосредно пред неговата смрт.

„Не знам како да го опишам тоа чувство. Тој исчезна пред моите очи и беше трагично. Ривер беше актер за кој сите зборувавме. Се сеќавам дека ја подадов раката кон него, а потоа луѓето почнаа да поминуваат и него го снема“, рече актерот.

Треба да знаете
Последни објави