Search

(Видео) Диџеј Хозе Падиља почина од рак

Легендарниот шпански диџеј Хозе Падиља, кој се прослави со неговата работа во светски познатиот клуб „Кафе дел Мар” на островот Ибица, почина викендов. Имаше 64 години, а причината за неговата смрт е рак.

Веста беше објавена на неговата официјална фејсбук-страница.

„Здраво, пријатели. Со голема тага објавуваме дека Хозе почина вo сон, ноќта во неделата, на неговиот сакан остров Ибица. Ние, неговото семејство и пријателите би сакале да им се заблагодариме на сите што дадоа донации и испратија пораки на поддршка, благодарение на што му беше полесно да го преживее последниот месец”, се вели во пораката.

Хозе Падиља е роден 1955 година во Барселона. Во 1975 година се преселува на Ибица, а 1991 година станал диџеј во „Кафе дел Мар”. Во 1995 година ја издаде својата прва компилација од преработка на електронска музика создадена од разни музичари. 

Треба да знаете
Последни објави