Search

Дијалози за Дигиталната агенда: Придобивките од дигитализацијата не стасуваат до сите, потребен системски и стратешки пристап

Потребни се заеднички напори од сите за реформите што ги бара дигитализиацијата. Само со јасен и  разбирлив  пристап од сите без исклучок можеме да имаме операбилна  дигитализација во сите области како ефективен механизам  за значително подобрување на животот на целото население.  Несреќната околност со  ковид пандемијата ја забрза дигитализацијата, а самиот забрзан процес донесе многу предизвици, како говор на омраза, лажни вести, дзинформации на интернет, компјутерски криминал, укажаа учесниците на денешните „Дијалози за Дигиталната агенда” во рамки на проектот  „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА.

Настанот е дел од проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, ко-финансиран од Европската Унија, што се спроведува во шест држави: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија.

Како што наведе Бардил Јашари извршен директор на фондацијата Метаморфозис, организатор на дебатата, истражувањата покажуваат дека не сите делови од општеството и населението  за запознаени и ги чувствуваат придобивките од дигиталната  трансформација, не сите знаат како да ги користат и не сите имаат  пристап до нив. Затоа, потенцираше, е потребно  градење  на капацитетите на сите засегнати страни,  системски и стратешки пристап  во кој сите ќе учествуваме за сите да ги добијат  потребните знаења и вештини за компетентно  и безбедно да ги користиме дигиталните технологии и услуги. Паралелно со тоа, како што рече, потребно е да се подигне јавната свест за придобивките, но и ризиците од  користењето на дигиталните технологии, што од една страна треба да  ги промовира нив, но и да промовира одговорно и совесно користење на технологиите и истовремено  да се води борба против технофобијата која понекогаш е засилена преку разни дезинформации  што се шират, а еден од примерите се дезинформациите за 5Г технологијата.

Сите засегнати страни,  рече Јашари, треба да се вклучат во одредувањето на приоритетите и потребите на граѓаните за избор, развивање  и користење на дигиталните услуги, а многу е важна и  безбедноста на дигиталните услуги, но и заштитата на приватноста која треба да биде  суштинси дел во развојот на која било услуга.  – Исто така, е многу важно да имаме соодветна  законска и институционална рамка што ќе овозможи непречено и ефикасно  користење на дигиталните услуги, да се обезбедат услови за непречено  да се користат услугите од сите  граѓани, рече Јашари, потенцирајќи дека токму невладините организации можат да придонесат во овозможувањето на тоа сите да бидат вклучени во овие процеси.

Сања Трповиќ Гелевска, програмски менаџер на програмата за слобода  на медиуми, информатичко општество и култура при Делегацијата на ЕУ  прецизираше дека Дигиталната агенда за Западен Балкан е засилување на веќе инвестираните напори во таа насока.

Нашата  земја како потписник на  Спогодбата за стабилизација и асоцијација уште од 2004 година се обврза да ги развива и хармонизира своите политики и законската рамка  во областа на електронските комуникации и информатичкото општество со тие на ЕУ. Во  изминатиот период ЕК во своите извештаи ја потенцираше важноста од долгорочна стратегија за дигитален развој која ќе биде основа за приоретизирање на активностите  и потребното буџетско планирање за дигиталниот развој. Изготвувањето на стратегијата  беше поддржано од ЕУ,  а документите ги идентификуваат клучните проблеми и слабости во државата, но, укажа Трповиќ Гелевска,  многу поважно е  што се нудат предлози за конкретни  активности за развој на дигитализацијата на општеството. Изготвувањето  на Националниот оперативен брод бенд план и Националната стратегија за безбедност  на интернет исто така беа помогнати  пру Таекс  инструментот и добија европска експертиза при изготвувањето.

На важноста од дигиталната трансформација, како што потенцира, ни укажа посебно актуелното живеење во пандемијата.   – Прекините на интернетот,  збунетите  изрази каде да се кликне, звуците во семејството во позадина заради  неизгаснатите микрофони, купувањето он лајн  и довербата или недовербата дали добрата што сме ги нарачале ќе ни стасаат, чувството на нееднаквост во добивањето на услугите доколку живеете надвор од главниот град,  сите овие искуства  ги илустрираат можеби  силно изразените прироритеи на  Дигиталната агенда за Западен Балкан, рече Трповиќ Гелевска.

Во 2018 година ЕУ и  земјите од Западен Балкан се обврзаа  дека ќе работат на неколку клучни приоритети, инвестирање во брод бенд  инфраструктура, широкопојасен интернет кој треба да пренесува многу  податоци за кратко време. За ова ЕУ одвои  30 милиони евра во грантови за да се развие брод бендот  во  регионот, земјите се обрзаа дека ќе ја зголемат сајбер безбедноста, како  и довербата во интернетот, како и дека ќе работат  на дигитализација на индустријата.  Во приоритетите е и јакнење на дигиталната економија  и општество и поттикнување на образованието и иновативниста.

-Дигиталната агенда за Западен Балкан е одраз во огледалото на  европската дигитална стратегија која има сеопфатен пристап во дигиталниот развој во земјите членки. ЕУ се стреми  кон тоа технологијата да им направи вистинска разлика на граѓаните во секојдневното живеење, да овозможи силна и компетитивна економија. Политичката и финансиската поддршка на ЕУ во ова поле е  поширока и ги опфаќа сите чинители  на општеството. Денешниот  регионален проект е одлична  илустрација на таа поддршка, но и на клучната улога  на граѓанското ооштество во промоцијата на клучните политики на ЕУ за дигиталната агенда, да им  ги прибличи на граѓаните бенефитите што значи дигиталната  трансформација за земјава и за сите земји во регионот и таа взаемна соработка која е клучна на патот кон ЕУ,  потенцираше Трповиќ Гелевска.

Министерот за информатичко општество  и администрација Јетон Шаќири ги претстави активностите и приоритеите за дигитализацијата и повика на заеднички напори од сите за потребните реформи.

-Деведесет проценти од работните места бараат одредено ниво на дигитални вештини.  Ќе  дадам се од себе за подобрување на дигиталните вештини на целокупното население, рече меѓу останатото Шаќири во воведното обраќање.

Како што порача, ова е показател за важноста на сите овие процеси за кои се потребни  за реформи во институциите и целото општество, а крајната цел е дигитализација и олеснување и забрзување на процесите и услугите .

На настанот беше презентиран и Извештај за тековната состојба и патоказот за унапредување на Дигиталната агенда во Република Северна Македонија кој е резултат на истражување спроведено од страна на Фондација Метаморфозис.

Треба да знаете
Последни објави