Search

Диуф ја загуби битката со коронавирусот

Поранешниот претседател на францускиот фудбалски тим Олимпик Марсеј, Папе Диуф, почина во 69. година од животот, како последица од коронавирусот, соопшти националната телевизија во Сенегал.

Диуф откако во вторникот бил хоспитализиран во болница во Дакар, поради лошата здравстевена состојба, неколку часа подоцна ја загубил битката за животот. Поранешниот фудбалски менаџер кој ги застапуваше играчите од калибарот на Марсел Десаи, Вилијам Галас, Самир Насри и Дидие Дрогба, на претседателската фукнација во Марсеј дојде во 2005 година.

Последните две години од животот ги помина во кругот на семејството во Дакар.

Треба да знаете
Последни објави