Search

Дисциплинска за шест скопски полицајци за прекумерна сила кога апселе едно лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корпуција поднесе кривична пријава против шестмина скопски полицајци, осомничени дека примениле прекумерна сила при приведување на лице.

Тие се сомничеат дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања. Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР, влат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави