Search

Дистрикт Bar & Kitchen со 11 нови коктели инспирирани од градот Скопје

По повод роденденот на град Скопје, во срцето на градот, Дистрикт Bar & Kitchen ве поканува да ги вкусите новите коктели инспирирани од град Скопје. Во коктел менито внесени се 11 нови коктели кои според составот или карактеристиките асоцираат на некои познати градски локации или знаменитости, личности од историјата или од културно-социјалниот живот на градот низ вековите.

Царот Јустинијан, кој е веројатно последниот император кој говорел латински, познат како императорот кој никогаш не спие, кањонот Матка, кој претставува една од најпопуларните туристички дестинации, Скопската Тврдина и многу други знаменитости претставуваат инспирација за најразновидните коктелски миксови со кои Дистрикт Bar & Kitchen, ќе го прослави роденденот на Град Скопје.

The Justinian Justice, The Arch of Life, The Champions River и Meet me in the Park се само дел од коктелите кои Дистрикт Bar & Kitchen ги подготвија со цел на еден поинаков начин да се запознаеме со историјата на нашиот град, а воедно и да се забавуваме!

Уникатноста на коктелите е визуелно претставена преку уште поуникатното мени кое совршено го отсликува духот на градот и неговите знаменитости кои скопјани ги уживаат.

Дојдете во Дистрикт Bar & Kitchen во среда на 13ти Ноември заедно да го прославиме роденденот на нашиот град!

Треба да знаете
Последни објави