Search

Директор на училиште во Каменица „спискал“ 1,3 милиони за набавки без тендер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. ‘

Во периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 пријавениот, како директор на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа, тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки.

Треба да знаете
Последни објави