Search

Директорот на ФДА се сомнева во најавите на Трамп за вакцина против Ковид-19

Директорот на Американската федерална управа за лекови (ФДА), Стивен Хан, се сомнева во најавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека вакцината против Ковид-19 ќе биде подготвена оваа година.

– Не можам да предвидам кога вакцината ќе биде достапна, изјави Хан, пренесе Би-Би-Си.

Хан, кој е член на кризната група во Белата куќа за борба со коронавирусот додаде дека „развојот на вакцината ќе се заснова на податоци и наука”.

Во говорот во Белата куќа на Денот на независноста, Трамп навести дека вакцината може да биде готова до крајот на годината.

Други експерти претходно најавуваа дека вакцината против Ковид-19 може да биде најрано достапна во средината на 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави