Search

Директорот на ДЗС ја потпиша пограмата за стручно оспособување на пожарникари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски денеска ја потпиша Програмата за стручно оспособување на пожарникари.

Носител на програмата е Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување, а пожарникарите по завршувањето на обуката се стекнуваат со сертификат – професионален пожарникар-спасител.

– Морам да изразам задоволство што како прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со вработените, за прв пат по осамостојувањето на државата ја донесовме Програмата за стручно оспособување на пожарникари и се надевам дека таа ќе биде од клучно значење за професијата пожарникар во моментов, но и за идните пожарникари кои ќе го прифатат овој благороден позив како нивна животна определба, изјави директорот Џафероски.

Треба да знаете
Последни објави