Search

Директорот на германската фондација „Конрад Аденауер Стифтунг” ја посети Алтернатива

Bо седииштето на Алтернатива престојуваше директорот на германската фондација „Конрад Аденауер Аденауер Стифтунг – Северна Македонија”, Јоханес Д. Реј. Тој беше пречекан од претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и потпретседателот Адмирим Алити.

На средбата беше дискутирано за можноста за дијалог помеѓу Алтернатива и германската фондација „Конрад Аденауер”, при што г. Реј изрази оптимизам за здрав дијалог меѓу Алтернатива и познататаа германска фондација.

Од своја страна, претседателот Гаши изрази надеж за плоден дијалог и во оваа прилика се заблагодари на г. Реј за придонесот на оваа фондација во едукација на младите генерации, како и за процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, за која Германија има дадено посебен придонес.

Треба да знаете
Последни објави