Search

Директен тв-пренос од дуелот Македонија – Грузија само на Спортклуб 1

Вечераниот (20.45 ч.) натпревар од фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Грузија во Скопје, кој ќе се игра без гледачи поради примената на здравствено-безбедносните протоколи наметнати битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот, љубителите на спортот земјава ќе можат да го проследат низ директен тв-пренос на Спортклуб 1.

Македонската државна телевизија не почасти со пренос од мечот Македонија -Косово во полуфиналето на Лигата на нации (натпреварот се емитуваше и на Спортклуб), но натпреварите од групната фаза во Д-Лигата на нации се емитуваат единствено на Спортклуб.

Регионалниот спортски канал, има договор со МТВ  за пренос од финалето меѓу Грузија и Македонија на 12 ноември во Тбилиси, но не и за групната фаза од тековната сезона во Лигата на нации.

 

Треба да знаете
Последни објави