Search

Дипломат од Киргистан претепан во Москва

Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан.

Дипломатот изјавил дека имал конфликт со непознат млад маж во близина на една метро станица, а потоа тоа прераснало во расправија и тој добил удар во главата.

Вицеконзулот по инцидентот поднел пријава во полиција и започната е потрага по напаѓачот.

Кондахјан работи во киргистанската амбасада во Москва од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави