Search

Динамо предовден од Адеми пред полни трибини на „Максимир“ ќе игра за европска пролет

Со вечерашните осум натпреаври од групуте од А до Д, во елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите, ќе биде комплетирано четвртото коло. До крајот ќе останат уште две кола. По вечерашните натпревари во три групи А, Б и Ц работите околу патниците во осминафиналето можат да станат јасни за фаворитите ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер сити. Таква прилика во првиот натпреаврувачки ден од 4. коло прокоцка италјанскиот Наполи, не ја искористи пред своите навивачи, не ги освои трите бода со австрискиот Салцбург.

ПСЖ, Баерн и Манчестер сити по три одиграни гола имаат максимален скор од по три победи. Вечерва пред своите гледачи треба ПСЖ и Баерн треба да ги потврдат победите кои како гости во изминатат рунда ги остварија со Бриж (5:0) односно Олимпијакос (3:2) и да го трасираат патото во осминафиналето, а англискиот првак Манчестер сити тоа ќе треба да го стори на гости кај Аталанта (5:1).

Баерн на кого не му оди најдобри во бундеслигашката конкуренција го смени тренерот Нико Ковач, па вечерва против Олимпијакос ќе биде предводен од неговиот помошник Ханс Флик. Доколку Флик се наметне со убедливи игри и резултати може да добие доверба подолго да остане на клупата во Минхен. Баерн со победа ќе обезбедил пласман во осминафиналето, а ако таа е и убедлива ќе си ја врати разнишаната самодоверба. Олимпијакос е аутсајдер. Пред гостувањето во Минхен, киксираше против Ксанти, па тренерот Мартинс е под голем притисок.

Вечерва свои настапи во групите ќе имаат и хрватскиот првак Динамо и српскиот Црвена звезда. Динамо предводен од македонскиот репрезентативец Аријан Адеми добро котира во групата Ц, каде има реални шанси да си обезбеди презимување на евросцената. Пред полни тирбини на „Максимир“ во вечерашниот дуел со украинскиот Шахтјор со кого ремизираше(2:2) во изминатото коло како гостин, им е потребна победа, а и со реми ќе останат во игра за продолжена евро-сезона. Не му одговара пораз, но и тој не го отпишува во последните две кола да се надева на преселба во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа.

За разлика од хрватскиот првак, српскиот Црвена звезда е „ранет лав“ кој во првата пресметка со англискиот Тотенхем доживеа дебакл (0:5), па сега ќе посакува макар и минимален реванш кој теоретски ќе ги остави во игра за пласман на позициите кои носат европска пролет, до крајот на групната фаза.

Двојки за денеска и табели:

А група: ПСЖ – Бриж (21 ч.), Реал Мадрид – Галатасарај (21 ч.)

Табела: ПСЖ 9 бода, Реал Мадрид 4, Бриж 2, Галатасарај 1.

Б група: Баерн – Олимпијакос (18.55 ч.), Ц. звезда – Тотенхем (21 ч.)

Табела: Баерн 9 бода, Тотенхем 4, Ц.звезда 3, Олимпијакос 1.

Ц група: Динамо – Шахтјор (21 ч.), Аталанта – Манчестер сити (21 ч.)

Табела: Манчестер сити 9 бода, Шахтјор 4, Динамо 4, Аталанта 0.

Д група: Локомотив Москва – Јувентус (18.55 ч.), Баер Леверкузен – Атлетико (21 ч.)

Табела: Атлетико Мадрид 7, Јувентус 7, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0.

Треба да знаете
Последни објави