Search

Динамо и Звезда извисија, Аталанта е првиот тим кој се пласира во плејофот на ЛШ по три порази на стартот

Немаше изненадувачки резултати во вечерашните натпревари од последното коло во групите А, Б, Ц и Д. Аталанта, пак е првиот тим во историјата на Лигата на шампионите, кој успеа да ја помине групната фаза и да се пробие во плејофот, откако ги загуби трите почетни натпревари.

Италијанскиот тим вечерва на гостински терен го совлада Шахтјор со 3:0 и го освои второто место во Ц-групта каде прв е Манчестер сити кој исто така на гостински терен го совлада Динамо Загреб со 4:1.

ПСЖ убедлив против Галатасарај со 5:0, а погодија Икарди, Сарабиа, Мбапе, Нејмар и Кавани кој влезе од клупата. Мурињо загуби со неговиот Тотенхем на гостувањето кај Баерн Минхен со 3:1. Нешто слично како Динамо Загреб и Црвена Звезда се прости од Европа оваа сезона. Загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 1:0 во директната пресметка за третото место во групата кое носи фудбалска пролет во Лига Европа.

ГРУПА А
Бриж – Реал Мадрид 1:3

ПСЖ – Галатасарај 5:0

ТАБЕЛА: ПСЖ  16, Реал Мадрид 11, Бриж 3, Галатасарај 2

ГРУПА Б

Баерн Минхен – Тотенхем 3:1

Олимпијакос – Црвена Звезда 1:0

ГРУПА Ц

Динамо Загреб – Манчестер Сити 1:4

Шахтјор – Аталанта 0:3

Табела: Манчестер Сити 14, Аталанта 7, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5

ГРУПА Д
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2:0

Баер Леверкузен – Јувентус 0:2

ТАБЕЛА: Јувентус 16, Атлетико Мадрид 10, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3

 

Треба да знаете
Последни објави