Search

Динамо и Ајакс се пазарат за Олмо

Повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб и холандскиот Ајакс почнале да се пазарат за да направат трансфер на младиот Дани Олмо. Според шпанските медиуми, Олмо кој е член на младинсатаи репрезентација на „црвената фурија“ која во јуни стана европски првак, Ајакс понудил 22 милиони евра и 40 отсто од наредниот тренсфер. Динамо бара 35 милиони евра за да му овозможи преселба на Олмо во редовите на Ајакс, тимот кој лансира нови ѕвезди на фудбалската сцена.

Динамо е на прагот од нов пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а Олмо е еден од клучните играчи на тимот од „Максимир“ во оваа мисија. Токму затоа од натпревар во натпревар цената на младиот Олмо постојано расте. Динамо веќе не прифати неколку понуди вредни од 25 до 30 милиони евра за својот бисер. Последен од трката се откажа германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен.

Она што може да ги премисли „модрите“ е клаузулата со која би заработиле 40 отсто од наредниот трансфер, бидејќи Ајакс е познат како клуб кој ги продава за многу пари своите фудбалери.

Динамо на Олмо му понуди нов петгодишен договор вреден 10 милиони евра или по два милиони евра по сезона.

Треба да знаете
Последни објави