Search

Димовски му врати на Адеми: До кај дојдоа командантите од ДУИ да се плашат од Боки 13

Пратеникот Илија Димовски му контрареплицираше на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми во расправата околу разрешувањето на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

-До кај стигнаа командандите на ДУИ, да ве рекетира Боки 13 и да ви ’ржи Мухамед Зекири? кусо праша Димовски.

Претходно Адеми во репликата кон Димовски праша„до каде дојде една патриотска партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара од една не Македонка, Еврејка, да ја брани македонштината“.

Претходно Димовски во одбрана на Мизрахи ги праша постарите и поискусни пратеници, меѓу кои и Адеми, дали се согласуваат дека според Преспанскиот договор Мизрахи го прекршила истиот, или дел од министрите во Владата, по што реплицираше Адеми.

Треба да знаете
Последни објави