Search

Димовски: Кој му ветил на Заев датум за почеток на преговорите?

Треба да се расчисти тезата дека некој некому му ветил, затоа што на премиерот Зоран Заев никој ништо не му ветил, тоа е првото прашање коешто би му го поставил на премиерот откако ќе се врати, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Телма.

Во однос на соопштението од германската канцеларка Меркел, објасни пратеникот Димовски, дека никогаш не сме знаеле како оди постапката на Бундестагот, во однос на гласањето за датум за преговори кој Европската унија го дава. Рече и дека најсимптопатично било во соопштението на Меркел спомнувањето на Франција, во ситуација кога македонскиот премиер има средба само со Германија.

-Мене ми беше упатувачка порака дека Германија сепак не сака да превземе сама обврска дека овој процес ќе се заврши спомнувајќи го нејзиниот партнер Франција, вели пратеникот. Димовски праша што е тоа што Македонија не го направи, после таков позитивен бран на изјави од меѓународната заедница, што наеднаш стана проблем за добивање на датум за преговори. -Испаѓа дека за бадијала го сменивме името, што е тоа што создава проблем за меѓународната заедница да не се сигурни во давање на датум за преговори, вели Димовски.

Треба да знаете
Последни објави