Search

Димовски за Амди Бајрам: Ја сакаше Македонија и страдаше што мораше да направи така како што направи последните години

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски преку Фејсбук упати сочувство до семејството на Амди Бајрам, кој денеска починал на 64-годишна возраст, поради проблеми со срцето.

„Го познавав долги години, беше весел, итар, полн со анегдоти, секогаш внесуваше смееа, па и во најтешки моменти…Фармерките од Трст, првите негови избори за пратеник, голот со пета, годините на незаслужен одмор во Идризово, велешкото потекло на неговата мајка,… се само мал убав дел од памтењето на неговите зборови…Ја сакаше Македонија и страдаше што мораше да прави така како што направи последните години…Нека Господ го чува весел каков што беше! Бог да го прости“, напиша Димовски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави