Search

Димовски: Државната лотарија купила апарати за коцкање за 14 милиони евра

Државната компанија за само 20 месеци распишала два тендери и склучила договори за набавка на коцкарски апарти во вредност од 14.000.000 евра.

Првата набавка е направена на 16.04.2018 година и е во висина од 7.422.200 евра.

Втората набавка е направена пред нецел месец, на 02.01.2020 година и е во вредност од 6.548.500 евра.

Вкуната вредност е, како што кажав 14.000.000 евра.

Коцкањето стана главна занимација на оваа Влада.

Откако Владата и СДСМ ги искоцкаа државните и национални интереси, сега се удрија на набавка на машини за коцкање бидејќи очигледно за други работи не се ни способни.

Дражавната видеолотарија, која е фирма со доминантен државен капитал со пари на граѓаните на оваа земја на неполни две години потрошила 14 милиони евра за набавка на машини за коцкање.

Оваа компанија ја раководат партиски кадри на СДСМ и НСДП. Некој за ова трошење на пари за набавка на коцкарски апарати донел политичка одлука.

Двата тендери ги добива една иста компанија, што дополнително фрла сенка и сомнеж за начинот и целта на трошење на овие пари за коцкарски апарати.

Ние немаме дилема дали треба да постои ваква компанија, но сме против трошење на толку големи средства, без обзир кон реалните приоритети на граѓаните.

Додека за заштита од аерозагадувањето не убедуваат дека државата нема доволно ресурси и средства за да се справи, 14 милиони евра се даваат за коцкање.

Државата, која што е должна да помога на своите социјално загрозени граѓани, таа набавува коцкарски машини за 14 милиони евра, па треба да се молиме на хуманоста на овој народ кој што несебично се мобилизира кога се појавуваат семејстава кои што живеат во нечовечки услови и се борат за живот.

За споредба. Сакам да потсетам дека пред почетокот на новата година се донесе Буџетот за 2020 година, а доколку оваа Влада работеше домаќински и на рационален начин ги користеше парите на граѓаните и доколку овие 14 милиони евра не беа потрошени за коцкарски машини немаше да има кратење на пари во многу суштински делови и сфери во Буџетот.

Доколку не се набавеа коцкарски машини ќе имаше повеќе пари за основното образование од кое се скрати, ќе имаше повеќе пари за високото образование на кое му беа скратени 4 милиони евра, ќе имаше пари за реновирање на сите студентски домови, ќе имаше повеќе пари за ученички и студенстки стандарт од кои се скрати, а не да им бидат двојно намалени средствата, а ќе имаше и повеќе пари за науката која што исто така доби помалку пари за 2020 година.

Сега се гледа кои се приоритетите на СДСМ. Според нивното однесување развојот на образованието, науката, културата, капиталните инвестиции не се од приоритетно значење додека 14 милиони евра за коцкарски машини се стратешка инвестиција.

Набавката на коцкарски машини за 14.000.000 евра е најголемата инвестиција на СДСМ.

Тое а пораката што ја испраќа оваа Влада на чело со СДСМ до граѓаните. Не трошете време на образование, дишете загаден воздух и одете да се коцкате.

Треба да знаете
Последни објави