Search

Димовски до Груби: Не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат во странство

Поранешниот пратеник, сега член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на новиот вицепремиер, Артан Груби преку Фејсбук му порача дека не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија…

https://www.facebook.com/ilija.dimovski/posts/10223821132979974

„После здравствениот систем, ни колабира и образовниот…Република Македонија е последна држава која ќе го започне својот образовен циклус и училишна година… Погледнете ги датумите кога веќе започна училишната година во земјите од регионот:

– Хрватска 07.09.2020 година;

– Србија 01.09.2020 година;

– Бугарија 15.09.2020 година;

– Косово 14.09.2020 година;

– Албанија 14.09.2020 година;

– Грција 07.09.2020 година (порано од вообичаено за да се надополни изгубеното);

– Босна и Херцеговина 01.09./07.09.2020 година;

– Словенија 01.09.2020 година;

– Турција 31.08.2020 година (три недели порано од вообичаено);

– Романија 14.09.2020 година.

Што треба да се превземе:

1. Одговорност на сите од Министерството за образование и образовните институции што не превземале мерки за навремено започнување на училишната година;

2. Да му се предложи на Премиерот Зоран Заев, кога веќе министерот нема никакво познавање и искуство од образовниот систем, барем заменик министерот што ќе го предложи да има стручно искуство и познавање од областа на образованието;

3. Итна собраниска седница со една точка на дневен ред: Состојбите во образованието, причините зошто не започна училишната година и предлог мерки за средување на хаосот во образованието;

4. Формирање на национална координативно тело (борд) за образование, составено од сите универзитети, синдикати и организации од областа на образованието, со поддршка на сите парламентарни партии, за превземање на сите неопходни мерки за средување на хаосот во образованието;

5. Одговорност за катастрофално ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции од Буџетот оваа година (околу 35%) до сега, но и сите минати години;

6. Набавка на компјутер за секое дете (барем за оние од сиромашни и социјално загрозени семејства) и брза припрема на платформи за онлајн настава;

7. Посебна програма за одвивање на нормална настава на високо-образовните институции;

8. Посебна програма за целосно интегрирање на учениците и студентите кои имаат статус на лица со посебни потреби.

Власта е неспособна, опозицијата мора да покаже иницијатива, се работи за иднината на децата и државата!“ напиша Илија Димовски.

Треба да знаете
Последни објави