Search

Димковски се исплаши па мораше да го повика Николовски да го брани

Трајан Димковски се исплаши, па мораше да го повика на помош Љупчо Николовски да го брани. Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство, рече Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лозарите имаат реален проблем и тој е креиран од оваа власт.  Додека лозарите одат со испукани петици и скинати патики, вие кратите пари наменете за земјоделците, пиете скапи вина и јадете луксузни јадења. Ти Љупчо заедно со Зоран Заев им ветивте на лозарите сигурен откуп и високи откупни цени. Па нели ти е срам Љупчо што три години ништо не направивте!? Сигурен откуп нема, а цените се ниски, по ниски од што беа. За тутунарите подобро и да не зборуваме. Што ќе им кажете? Дека вашиот партиски функционер Кире Неделковски украл 300.000 евра од тутунарите? Дека го штитите од институциите да не го процесуираат неговиот криминал!?

Љупчо вие немате ама баш никаков кредибилитет да зборувате за земјоделците, бидејќи не сте ја виделе и почувствувале земјодлеската мака. Земјоделците се напатени луѓе, кои со што многу труд и пот си го заработуваат лебот. Немојте само да им го земате од уста. Но Љупчо, бидејќи Трајан те викна тебе да го браниш, а ти сигурно ќе го викнеш Зоран Заев, кажи му на Заев дека земјоделците не ви простуваат. Од тука од земјоделска Струмица јас ви порачувам дека на СДСМ му се гледа крајот, рече Трипуновски.

 

Треба да знаете
Последни објави