Search

Димковски од Неготино: Нови 4 капитални инвестиции за системи за наводнување со кои се покриваат нови 30.000 хектари под наводнување

Продолжуваме да го унапредуваме и модернизираме земјоделството. Водиме грижа за проблемите на земјоделците. Со  нови 4 капитални инвестиции во  Пепелиште, Јужно -вардарската долина трета фаза,  Лисиче и браната Конско ќе се покријат 30.000 хектари под наводнување за да се избегнат климатски промени како суша кои влијаат на производството, истакна членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на трибина во Неготино.

Димковски потенцираше дека денес под системи за наводнување според договорите и информациите од АД Водостопанство имаме 28.000 хектари.

Можеме да констатираме дека за само 4 години ќе ги зголемиме двојно површините за наводнување, додаде Димковски

Овие инвестиции ќе овозможат брз развој и економски просперитет на земјоделските региони, заклучи Димковски.

Треба да знаете
Последни објави