Search

Димковски: Добивме согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска беа во посета на Општина Ресен и преспанскиот регион. Во Преспа се наоѓаат најголемите овошни насади со познатото препанско јаболко. Во овој регион има многу земјоделци кои одгледуваат јаболко и други овошни видови и се директно засегнати од мерките кои оваа Влада и МЗШВ ги превземаат за заштита, унапредување и развој на овоштарството во нашата држава.

Министерот ги информираше земјоделците дека, МЗШВ вчера доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје, што е од особено значење за производителите на јаболка, бидејќи значително ќе им биде олесната работата. Средставата за оваа набавка се обезбедени преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

„Кофинансирањето ќе биде од 50% до 75%, а со набавка на овие пластични гајби кои се со капацитет до 20 килограми, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот  и складирањето на јаболката. Пластичните гајби се многу полесни од дрвените, но истовремено се и полесни за одржување, особено во одржувањето на хигиената. Секако останува и понатаму да тече редовната набавка на бокс палети со капацитет од 300 килограми“ изјави министерот Димковски при денешната посета на Општина Ресен.

Една од целите за модернизација на земјоделското производство беше  и инвестицијата за набавка на современ систем за заштита од град, бидејќи стариот начин на заштита беше застаран и недоволно ефикасен.

МЗШВ заедно со УХМР неодамна започна да ја применува оваа нова метода на засејување на градонoсните облаци со сребрен јодид.

Во последниот период беа извршени повеќе успешни интервенции, на територијата на целата држава со што успешно беше спречена појава на град, а со тоа беа заштитени земјоделските насади и трудот на земјоделците. Преспанскиот регион беше една од локациите каде се дејствуваше со авионско засејување на градоносните облаци, што допринесе да се заштитат овоштарниците со јаболка.

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на УХМР Ивица Тодоровски искажаа благодарност до Владата и МЗШВ за мерките кои беа превземени во изминатиов период, во насока на заштита на земјоделското производство.

Земјоделците веќе го гледаат бенефитот од добрите политики на оваа Влада, грижата и понатаму продолжува.

Треба да знаете
Последни објави