Search

Димитров читал писма од Делчев пред средбата во Софија

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска патува за бугарската престолнина каде очекува да најде решение во духот на добрососедството на темата за Гоце Делчев. Во синоќешната емисија „Само вистина“ тој изјави дека за средбата се подготвувал читајќи оригинални писма од револуционерот.

-Во времето на нашиот херој Гоце Делчев ние не сме имале држава и тој учествувал во еден огромен темел на нашата државност, во создавањето на политичката нација, што е многу блиску до создавањето на етничката идентификација. Изминатиот викенд најдов една архива и читав оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Тој бил неверојатен визионер и уште во тоа време во „Гоцевиот устав“ барал борба со т.н. Тиранија, а не со Османлиите. Неговото визионерство може да ни служи како мост со Бугарија – рече Димитров.

Треба да знаете
Последни објави