Search

Димитров: Се што рековме во крупните процеси испорачавме! Испорачавме членство во НАТО, испорачавме преговори со ЕУ!

Носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме”, Никола ДИмитров вечерва во „Отворено студио” на Телевизија 24 го истакна значењето на она што вчера пристигна како вест од Брисел, уште еден успешен чекор во реализирањето на стратешките цели:
„Предлог-преговарачката рамка од Европската комисија, за којашто вчера ги добивме убавите вести дека е предадена на Советот на ЕУ,  е исклучително битен чекор за првата меѓувладина конференција. Таа не може да се одржи без рамката. Во таа смисла за земја која што чекала 15 година многу е нормално и природно овие крупни исчекори да ги одбележиме и поздравиме.” – истакна Димитров.
Тој потенцираше: „Се што кажавме во контекст на нашиот пробив, испорачавме. Рековме ќе влеземе во НАТО – влеговме во НАТО, рековме ќе ги почнуваме преговорите со ЕУ – добивме зелено светло. Еве ја сега и преговарачката рамка во којашто како стартна позиција на чуварот на европските вредности и законодавство, е македонскиот јазик. Тој е иден официјален јазик во ЕУ.”
Димитров појасни: „Во рамката тој параграф вели – Северна Македонија со време да го преведе европското законодавство на македонско и ќе треба да има луѓе преведувачи пред да се зачлени, бидејќи суштината на рамката е полноправно членство во ЕУ. ЕК застана на принципот на нашата лична карта на ОН каде јазикот ни е македонски и во таа смисла потврди дека изразувањето на нашето право на самоопределување и европската интеграција се нужно комплементарни процеси. Бидејќи македонскиот јазик е наша работа и тој апсолвирано прашање и дома и во светот.”
Треба да знаете
Последни објави