January 28, 2022 23:01
Македонија

Димитров плачејќи за фотелја покажа излив на антибугаризам

Од ВМРО-Народна партија во соопштение до јавноста велат дека со внимание го следат моралниот пад на министерот Никола Димитров.

„Во македонската 30-годишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено“, стои во партиската реакција во која се додава дека Димитров во својата кариера потпишал два недоречени договора.

„Во Преспанскиот договор очигледно заборавил да ги стави точките за гарантирана согласност од страна на Европската унија за нашата евроинтеграција и сукцесивност во менувањето на иместо, односно како Македонија ќе напредува во интеграциите така и да се движи процесот на менување на името.

Во договорот, пак, со Бугарија исто така нема член за безусловна поткрепа на евроинтеграцијата од страна на Бугарија што денес практично е најголемиот наш проблем“, објаснуваат од партијата.

Од ВМРО-Народна посочуваат дека Димитров во своето заминување избирал да се занимава со неговите патриотски ставови околу спорот со Бугарија, иако, како што велат од таму, семејството Димитрови е едно од најпрозваните во минатите триесет години како бранители на тезата за „македонските бугари“.

„Овој негов излив на антибугаризам го сметаме само како доказ за тоа со какви лични фрустрации и комплекси растело едно дете во такво семејство“, се наведува во париската реакција.

anime gogo. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanime GoGoAnime The Rising of the Shield Hero (Dub)

GoGoAnime Death Note Episode 30

gogoanime GoGoAnime Gintama

watch anime free TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

gogoanime GoGoAnime One-Punch Man