Search

Димитров отпатува на средба со неговиот германски колега

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Германија.

Како што информираат од министерството за надворешни работи, Димитров ќе оствари средба со неговиот домаќин, германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, кој ја презеде должноста во март годинава.

За време на дводневната посетата, Димитров ќе оствари средби и со советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Јан Хекер, а ќе го посети и германскиот Бундестаг, при што ќе има свое обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања.

Треба да знаете
Последни објави