Search

Димитров оствари повеќе средби во Европскиот Парламент

На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари повеќе средби во Европскиот Парламент и тоа со: Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија во Европскиот Парламент, како и со групата европратеници Пријатели на Северна Македонија во ЕП. На брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Северна Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Европскиот Парламент за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека истата ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП. Во оваа прилика тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на Европскиот Парламент преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

„Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен! Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи.”- МНР Димитров. Европратениците позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Северна Македонија, што поскоро. Министерот Димитров денес се сретна и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на Северна Македонија, при што МНР Димитров истакна:

Доколку новите ЕУ институции имаат похрабри стратешки цели и поширок геополитички видик, нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот.”

Треба да знаете
Последни објави