Search

Димитров од Чаир: 27 април е најдрастичното лице на пустошот што го наследивме од опозицијата, ДПМНЕ никогаш нема да се качи на возот кој води кон ЕУ!

На вечерашната трибина со граѓаните во Општина Чаир, кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме”, Никола Димитров на 10 дена до победата на СДСМ на парламентарните избори, потсети каде бевме, каде сме сега и каде ќе одиме.
„Ќе ве потсетам сите на 27 април 2017 год. Тие слики што ги гледавме, се најдрастичното лице на пустошот што ние го наследивме. Пустош во секаква смисла. И во смисла на меѓуетничката толеранција и заедништвото. Играа на делби  во тоа време. И во демократска и во правна смисла. Оти нападот врз Собранието беше обид да не се даде власта при изгубено парламентарно мнозинство.” – истакна Димитров.
Факт е дека има области каде можевме да бидеме и подобри. Ама исто така е факт, дека дојдовме на пустош, наследен од опозицијата. Исто така е факт дека во нашиот напор да одиме напред, од позади не влечеа назад инсталации во правосудство, во администрација и каде уште не. – потенцираше Димитров.
За оние кои се’ уште не се определиле и одлучиле да гласаат, Димитров со зборовите на 16-от американски претседател, Абрахам Линколн „Јас чекорам бавно ама никогаш назад” им порача со СДСМ и коалицијата „Можеме” да ја зграпчат шансата за иднината на граѓаните на нашата земја.
Треба да знаете
Последни објави