Search

Димитров: „Ова е историски момент кој им припаѓа на сите граѓани на нашата земја

Денеска преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, од денес нашата земја и официјално стана триесетта членка на Алијансата.

По тој повод, беше одржан видео  разговор помеѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Филип Рикер, вршител на работите Помошник секретар за Европа и Евро-азија во Стејт Департментот, а на кој присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз.

МНР Димитров„Ова е историски момент којшто им припаѓа на сите граѓани на нашата земја и на плејада политичари и визионери кои макотрпно во текот на изминатите три децении работеа да се оствари идејата за побезбедна и попросперитетна татковина. Членството на нашата земја во НАТО се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна. Заради овие состојби чинот на одбележување на денешниот настан е скромен, но тоа на ниту еден начин не го намалува историското значење на овој успех.”

 

Во контекст на денешниот чин во Вашингтон, во понеделник на 30 март 2020 год., во Седиштето на НАТО во Брисел ќе биде организирана церемонија на подигање на македонското знаме, на која се планира да и’ претходи слична свеченост во Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк во Вирџинија, САД. На 2 април, за прв пат како земја-членка МНР Димитров ќе ја претставува Северна Македонија на министерско ниво.

Треба да знаете
Последни објави