Search

Димитров: Новата методологија овозможува подинамичен преговарачки процес, наша цел е тоа да го искористиме

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во фокусот на разговорот, како што соопшти СЕП, беа претстојната финализација на Преговарачката рамка и можностите кои се пред двете држави во наредниот период.

Соговорниците се осврнаа и на успешната прекугранична соработка во рамки на европските инструменти и влијанието кои таа ги има врз зближување на луѓето и бизнисите од граничните региони.

-Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме, посочи Димитров.

Соговорниците заеднички се согласија дека и во периодот што следи двете земји ќе продолжат со негување на добрососедсите односи, соработка во рамки на регионалните иницијативи, како еден од клучните предуслови за трајна стабилност и економски просперитет на целиот регион.

Треба да знаете
Последни објави