Search

Димитров на средба со Чавушоглу во Анкара

ајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања, се темите на кои ќе се осврнат шефовите на дипломатиите на Македонија и Турција, Никола Димитров и Мевљут Чавушоглу на средбата во Анкара.

Димитров од денеска до 18 јануари престојува во работна посета на Турција, а се очекува тој и неговиот турски колега да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу двете министерствата за надворешни работи во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

Димитров, како што соопшти МНР, е предвидено да има средби и со други високи турски функционери, меѓу кои министерот за одбрана Хулуси Акар и со претставници на турскиот Парламент.

Треба да знаете
Последни објави