Search

Димитров на појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров учествуваше на работен појадок со резидентни амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи.

На состанокот, Димитров првично се заблагодарил за австриската поддршка и заложба за европските перспективи на земјите од регионот за време на нивното претседавање. Како што информираат од Министерството, Димитров за време на состанокот подетално ги брифирал амбасадорите за последните случувања на домашен план, пред сè поврзани со процесот на уставни измени во контекст на договорот од Преспа.

Министерот Димитров даде преглед на клучните реформски активности, Планот 18 и позначајните ангажмани на домашен план поврзани со обврските кои произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ. Притоа, тој ја нагласи посветеноста и решеноста, и покрај деликатноста на процесите да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција“, велат од МНР за средбата.

На состанокот биле разменети мислења и за последните случувања во регионот и била изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави