Search

Димитров на министерскиот состанок во Солун: Создаваме политички услови за блиски односи и пријателство

Создаваме политички услови за блиски односи и пријателство. Сакаме тоа да го видат економијата и бизнисите, за да има конкретна корист за нашите граѓани, изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров за време на министерскиот состанок во Солун

„Ние сме сега во една фаза каде што се обидуваме да направиме еден благороден круг. Создаваме политички услови за блиски односи и пријателство. Сакаме тоа да го видат економијата и бизнисите, за да има конкретна корист за нашите граѓани, а тоа повторно ќе ни помогне уште повеќе и поблиски полички односи да имаме. Еден таков убав позитивен политички круг, во време кога и ЕУ има многу проблеми“, изјави Димитров.

Тој вели се уште до крај не знаеме што точно ќе се случи со брегзит, и немаме многу време, доста време изгубивме, вели министерот и додаде дека е време да си ги фатиме работите во свои раце и да тргнеме напред.

Треба да знаете
Последни објави