Search

Димитров на видео средба со колегата од Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видео средба со Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

-Благодарни сме за подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата против ковид-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата. Посебно, нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на  ОАЕ  за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-ковид периодот, рече Димитров.

На средбата беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Министрите разменија мислења за економските односи и  соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност.

Треба да знаете
Последни објави