Search

Димитров: Минатиот пат кога ВМРО ДПМНЕ се бавеше со обнова се најдовме на работ на бездна

Единственото што ВМРО ДПМНЕ  умее да го прави е да замаглува и со тоа да го отежнува прогресот на државата – рече Никола Димитров на вечерашната дебата во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.
„Треба да дадеме се’ од себе таа опција да добие убедлив пораз за да се реформира нивната внатрешна матрица, за следниот изборен циклус да имаме вистински мегдан за тоа кој ќе оди напред, подобро, покреативно.”
Коментирајќи го наративот на противникот во медиумскиот простор, Димитров потсети дека минатиот пат кога ВМРО ДПМНЕ се бавеше со обнова, алудирајќи на нивниот несреќно избран слоган, државата се најде на работ на бездна. Промовираат површна гордост, која се добива само со чукање по гради, зашто во меѓународните институции можеа да влезат само во нивните ходници, без никакво право на глас. Со проектот „Скопје 2014″ дозволија угледен медиум како New York Times да си игра мајтап со нашата земја. „Треба да бидеме горди со тоа кои сме и со нашата историја, ама и да бидеме горди и со тоа што може живата генерација денес да направи” – истакна Димитров.
„Гордоста и патриотизмот имаат многу врска со соочување со проблем, заштитување на најважното, соочување со реалноста, идентитетот не е само за по дома во рамките на нашата куќа тој е важен и во однос со други идентитети и затоа мислам дека ова за мене доаѓајќи од опозицијата е на ниво на дрскост.” – нагласи Димитров во телевизискиот дуел посветен на парламентарните избори.
Треба да знаете
Последни објави