Search

Димитров, Маричиќ и Спасовски учествуваа на 4-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет

По Заедничкиот ИПА мониторинг комитет, дебатата се насочува кон секторот владеење на право и темелни права на денешниот 4-ти состанок на Секторскиот мониторинг комитет со кој што заедно со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, ко-претседаваше заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров. Од македонска страна, на состанокот учествуваа и ресорните министри за правда и внатрешни работи, Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски.

Таргетираното и ефикасно искористување на финансиската поддршка која што се обезбедува од Европската Унија за реформите во овој сектор е особено важно со оглед на значењето на овие области кои се дел од кластерот Темели.

Заменик-претседател на Владата Димитров: „Сѐ што ќе искористиме од тековната помош од ЕУ ќе ни биде од значење за подобра подготвеност и сигурен старт на пристапниот процес во кластерот што се отвора прв, а затвора последен и влијае на динамиката на целокупниот преговарачки процес”.

Министер за правда Маричиќ: „Минуваме низ крупни реформи во секторот правда.  Целокупната поддршка од ЕУ и сите проекти нè донесоа чекор поблиску и придонесоа за подобрување на независноста, отчетноста и ефикасноста на судството и обвинителството, овозможија подостапна правда за граѓаните, како и значително подобрување на условите во затворите – во согласност со европските стандарди”.

Министер за внатрешни работи Спасовски: „Една од причините за нашиот успех постигнат во последните неколку години е токму постојаната помош која ја добиваме преку ИПА. Би сакал да напоменам дека со помош на овој инструмент, МВР како еден од најголемите корисници на ИПА фондовите, овозможи реализација на многубројни проекти, со што нашето Министерство обезбеди значителна поддршка во спроведување на реформските процеси, како и голема материјална поддршка со што видливо се подобрија човечките, техничките и инфраструктурните капацитети неопходни за ефикасно работење”.

Треба да знаете
Последни објави